Утрински Весник
Свет

Републиканците го отфрлија предлогот на Трамп за одлагање на изборите

Републиканците го отфрлија предлогот на Трамп за одлагање на изборите
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Највисоките претставници на Републиканската партија во американскиот Конгрес го отфрлија предлогот на претседателот Доналд Трамп за одложување на ноемвриските претседателски избори.

Тие веруваат дека постои голема опасност од злоупотреба во вонредни околности.

Идејата беше одбиена од лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Меконел и од лидерот на републиканското малцинство во Претставничкиот дом, Кевин Мекарти.

Сенаторот Меконел изјави дека американските претседателски избори никогаш не биле одложени, пренесува „Би-би-си“.

„Никогаш во историјата на оваа земја, низ војни, депресии и Граѓанска војна, не се случило да не сме имале закажани федерални избори на време. Ќе најдеме начин да го сториме тоа повторно на 3 ноември “, изјави Меконел за локалната станица WNKY во Кентаки.

Мекарти се согласи со тоа, велејќи дека изборите треба да се спроведат навреме.

Во меѓувреме, сојузничката на Трамп, сенаторката Греам, оцени дека одложувањето на изборите не е добра идеја.

Запрашан од новинарите дали претседателот може да ги одложи изборите, државниот секретар на САД, Мајк Помпео, рече дека нема во од да донесе правна пресуда.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп нареди целосна блокада на санкционираните танкери за нафта на Венецуела

Лавров: САД ни ветија украинска територија

Будимпешта го блокира годишниот документ за проширување на ЕУ поради Украина