Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Водовод со апел до скопјани: „Воздржете се од полнење базени и полевање бавчи“

Водовод со апел до скопјани: „Воздржете се од полнење базени и полевање бавчи“
Img 7972

ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира до граѓаните на градот Скопје за сериозен пристап кон рационалното користење и употреба на водата.

Од Јавното претпријатие велат дека последиците од климатските промени стануваат дел од нашето секојдневие. Високите температури кои достигнуваат и до 40 степени придонесуваат за енормно зголемување на потрошувачката на водата и намалена издашност на изворот Рашче.

„Апелираме граѓаните да се воздржат од полнење базени, наводнување на поголеми зелени површини, полевање на ниви и бавчи со водата од градскиот водоснабдителен систем, со едниствена цел нормално водоснабдување во секој дел од градот Скопје“, наведуваат од Водовод и канализација.

Оттука ги повикуваат сите граѓани кои имаат информација за злоупотреба на водоводниот систем преку диви приклучоци, истите да ги пријават на еден од следните контакти:

– 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;
– 02 3240 300, Дирекција
– [email protected]
– www.vodovod-skopje.com.mk
– www.facebook.com/jpvodovod.skopje

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Универзална сала и Вардариште вечни ветувања за Скопје што никогаш не се реализираа

Падна дел од фасадата во центарот на Скопје, ограден е делот на тротоарот поради опасност за минувачите

Стоп за вардариште од утре ќе протестираат од 15 до 18 часот на мостот „Близнак“