Утрински Весник
Свет

Рекорден број новозаразени во Полска, се најауваат нови мерки

Рекорден број новозаразени во Полска, се најауваат нови мерки

Во Полска за 24 часа биле регистрирани рекордни 615 нови случаи на Ковид-19.

Премиерот, Матеуш Моравиески, изјави дека сака да избегне ново воведување на карантин во земјата и истакна дека Полска ќе користи нови методи за сузбивање на ширењето на вирусот.

Полска ќе ја анализира ситуацијата со вирусот и ќе донесе одлуки за мерките во втората половина на август, рече Моравјески на прес-конференција, пренесе Ројтерс.

Ова е најголем пораст на случаи со заразени од почетокот на епидемијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Волстрит журнал: Канада сака да стане придружна членка на Европската Унија

Трамп: Зеленски предизвикува недостиг на дизел, тоа мора да престане

Зеленски: Русија лансираше 2.100 дронови за една недела