Утрински Весник
Магазин

ТВ-шоуто на Елен Деџенерис ќе направи промени по истрагата

ТВ-шоуто на Елен Деџенерис ќе направи промени по истрагата

Елен Деџенерис во четвртокот испрати емотивна порака до персоналот на нејзиното телевизиско ток-шоу велејќи дека презема чекори за подобрување на културата, по обвинувањата за непријателска работна атмосвера.

Имејлот следеше по внатрешната истрага на „Ворнер Брос телевизија“, која го продуцира „Шоуто на Елен Деџенерис“(The Ellen DeGeneres Show), во врска со поплаките на продукцискиот персонал за наводно малтретирање и расизам.

Телевизијата „Ворнер Брос“ во своето соопштение вели: „Иако не се потврдени сите обвинувања, ние сме разочарани што првичните откритија на истрагата укажаа на некои недостатоци поврзани со секојдневното менаџирање на шоуто“.

Во него се вели дека се спроведуваат некои кадровски промени како и други мерки, но не дава детали за какви промени станува збор.

Наводите, кои беа направени од страна на неколкумина поранешни вработени во статија на BuzzFeed претходно во јули, насликаа радикално поинаков поглед на животот зад камерите од позитивние вибрации презентирани од Деџенерис во емисијата.

Комичарката  и нејзината емисија станаа предмет на официјална истрага поради многуте обвинувања на нејзините вработени за вознемирување на работното место од страна на извршните продуценти.

„На првиот ден од нашето шоу, им кажав на сите дека шоуто на Елен Деџенерис ќе биде место на среќа – никој нема да го крева својот глас и сите ќе бидат третирани со почит “, напиша Деџенерис во имејл до вработените, што им беше достапен на новинарите.

„Очигледно, нешто се сменило и јас сум разочарана што дознав дека тоа не било така“, додава таа во писмото.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Денес се слави Св. Архангел Михаил – Ангелот кој одлучува кој ќе биде спасен, а кому му чукнал судниот час, што треба да правите?

Денеска се слават Светиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни бестелесни

Три предупредувачки знаци дека вашето детство било емоционално запоставено