За време на пандемијата на коронавирусот Арнолд Шварценегер го зголеми бројот на своите домашни миленици.
По магарето Лулу и понито Виски, актерот се пофали дека во неговиот дом живее куче наречено Дач.
Арнолд објави фотографија со новото милениче на „Инстаграм“, а таа е направена во дворот.
„Запознајте го новиот член на семејството, Дач! Тој има десет месеци, го носи името според мојот лик од филмот ‘Предатор’, тежи 47 килограми и малку се плаши од Лулу… но, набргу ќе бидат најдобри пријатели“, напиша Арнолд.