Утрински Весник
Магазин

Викторија Бекам отпушта 20 луѓе за да се спаси од криза

Викторија Бекам отпушта 20 луѓе за да се спаси од криза

Поранешната членка на поп-групата „Спајс грлс“ и сопруга на поранешниот професионален фудбалер Дејвид Бекам (45), Викторија Бекам (46), ќе отпушти 20 вработени од својата модна империја, која пропаѓа, со цел да се спаси од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот и тоа само неколку месеци по поништувањето на одлуката за отпуштање 30 лица.

Компанијата на Викторија Бекам, со својата водечка продавница „Мејфаир“, која продава фустани во вредност од 2.000 фунти и чанти од 1.000 фунти, исто така ќе го преполови и бројот на годишни модни колекции затоа што е тешко погодена од кризата предизвикана од Ковид-19.

Ударот за вработените се случува само два месеца откако Викторија наиде на осуда за одлуката да отпушти 30 вработени во услови на криза. Лутината и осудата на јавноста ја натераа да ја поништи одлуката инсистирајќи на тоа дека благосостојбата на нејзиниот тим значи сè за неа.

Богатството на Викторија и нејзиниот сопруг, поранешниот фудбалер Дејвид, се проценува на 355 милиони фунти.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

КОИ СЕ НАЈЛОШИТЕ ВОЗАЧИ ВО ЕВРОПА? Ново истражување за 2026 открива шокантни навики зад воланот

Ѓумбирот е една од најздравите билки, но може да биде опасен за оваа група луѓе

Хороскопски знаци кои трошат без многу размислување