Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Силно невреме во Словенија и Австрија, паѓаше град со големина на јаболка

(Видео) Силно невреме во Словенија и Австрија, паѓаше град со големина на јаболка
300x250 opst2

Силно невреме погоди делови од Австрија, а потоа и Словенија, каде беа предизвикани значителни штети на повеќе локации.

Според словенечките медиуми, регистрирани се и локални поплави, а на некои места паднал град со големина на јаболка.

Поради невремето, возачите на автомобилите синоќа бараа заштита под надвозниците во некои области.

Според информациите, пожарникарите добиле голем број повици за помош.

Како што објави словенечкиот метеоролошки институт, невремето покрај обилниот дожд и повремен град, било придружено и со силен ветер.

Невремето ја погоди и Стирија, во Австрија, каде грмотевици беснееја цела ноќ, а градот направи голема штета. Забележани се околу 33.000 удари од гром, а 850 пожарникари биле на терен.

Околу 5.000 домаќинства останаа без електрична енергија, а како резултат на поројниот дожд се забележани поплави. Во невремето беа оштетени многу покриви.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори