Утрински Весник
Свет

Трамп спомена можност за одложување на изборите

Трамп ја откажа конвенцијата поради коронавирусот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, за првпат ја спомна можноста за одложување на претседателските избори во ноември, наведувајќи ги ризиците од измами поврзани со гласање по пошта заради епидемијата на коронавирус.

Трамп напиша на Твитер дека „гласањето по пошта би предизвикало најголема измама во историјата“.

„Ќе биде голем срам за САД. Одложување на изборите се додека луѓето не можат да гласаат нормално и безбедно???“, напиша тој.

Како што забележува АП, нема докази за широко распространета измама со гласање по пошта.

Датумите на федералните избори ги одредува Конгресот, а Уставот не предвидува одложување до инаугурацијата на Претседателот на 20 јануари 2021 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Резаи: Ако САД продолжат со нападите, Иран ќе ја прошири војната и до Средоземно Море

Путин одби да се сретне со Зеленски

Во Сахара од жед починаа 49 луѓе