Утрински Весник
Македонија

Села обвинува за бизнис на ДУИ во Синичане

Села обвинува за бизнис на ДУИ во Синичане

Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, обвинува дека зад забраната за изградбата на водоснабдителен систем во општина Боговиње, стои бизнис заедницата на ДУИ.

„Скандал е кога обвинителот кој е повикан да ги реши случаите, и дава наредба на полицијата да си замине, затоа што тие се неправедно таму, затоа што не обезбедуваат вода за пиење на граѓаните, полицијата продолжува и во овие моменти да им оневозможува на жителите на Синичани да имаат вода за пиење. Ја користам оваа прилика да го повикам министерот за внатрешни работи, кој кога и да е редот да стане министер, Албанците се соочуваат со проблеми, итно да ја отстранат полицијата од изворите за да жителите на Синичани се снабдуваат со вода за пиење.

Села апелира и до меѓународната заедница да интервенира за да престанат овие тенденции да ја претворат Северна Македонија во полициска држава.

„Ова се ознаки на половина од режимот на ВМРО-ДУИ. Затоа, тие треба да заминат што е можно поскоро. Наместо да се справат со овие проблеми, наместо да им обезбедуваат вода за пиење, која досега не им била обезбедена, наместо да одат и да го направат животот невозможен за албанските граѓани, не давајќи им вода за пиење, тие нека се справат со Тетово, затоа што Тетово веќе две недели е без вода. Тие сакаат да престанат овие работи, затоа што после тоа се крие нешто друго, ова е одмазда против Општина Боговиње, нејзиниот градоначалник и нејзините жители, затоа што Општина Боговиње не им дала дозвола да градат хидроцентрали како што правеа во Шар Планина, насекаде претставници на хидроцентралите на Демократската унија за интеграција. Хидроцентралите што го оневозможија снабдувањето со вода за пиење на граѓаните од Полог и хидроцентралите кои исто така ја уништија животната средина. Затоа, тргнете ги рацете од потребите на граѓаните и тргнете ги полицајците за да што е поскоро можно да продолжи работата и да се обезбеди вода за пиење“, додаде Села.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!