Репрезентативецот на Македонија Стефан Ристовски во преодниот рок би можел да се пресели во Бундеслигата. Ристовски од 2017 година е играч на Спортинг Лисабон.
Тиражната „А Бола“ пишува дека за десниот бек интерес покажува Волфсбург. Овој тим сезоната во Бундеслигата ја заврши на седмото место со што избори место во квалификациите за пласман во фазата по групи во Лига Европа.
За услугите на Ристовски Волфсбург биле подготвени да платат четири милиони евра.
28 годишниот десен бек од 2008 до 2010 година играше во Вардар, а потоа до 2015 година беше играч на Парма. Сепак за клубот од „Ениот Тардини“ одигра само шест натпревари, а петгодишниот период го мина на пизајмици во Кротоне, Фросиноне, Бари и Латина.
За репрезентацијата на Македонија има одиграно 52 натпревари.
> Волфсбург покажува интерес за Стефан Ристовски <