Утрински Весник
Магазин

На принцот Вилијам не му дозволуваат да користи Твитер

На принцот Вилијам не му дозволуваат да користи Твитер

Принцот Вилијам, Војводата од Кембриџ, откри дека му е забрането користење Твитер, додека говореше за кршење на кралскиот протокол.

Принцот, кој го поддржува фудбалскиот клуб „Астон Вила“, откри дека одговорните за социјални мрежи во палатата Кенсингтон не дозволуваат да му се приближи на неговиот официјален профил на Твитер како и на тој на војвотката Кетрин.

Говорејќи на „Би-би-си Радио 5“ во подкастот на поранешниот фудбалер Питер Крауч, 38-годишниот принц објасни: „Тие намерно ме држат настрана“.

„Пробав неколку пати, кога Ливерпул го одработи неверојатното полуфинале против Барселона, го отворив Твитерот и само објавив. Тоа беше неверојатен натпревар, една од најдобрите игри на фудбал што сум го видел.“

„Речиси секој натпревар на Астон Вила што го освоивме, што не беше многу оваа сезона, јас се обидов да твитнам , но тие ме држат настрана. Морам да се борам со нив за тоа!“

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Традиционално дефиле под маски на Вевчанскиот карневал 

Вечер е Стара нова година, а утре Обрезание Господово и Василица

Три хороскопски знаци кај кои самодовербата лесно преминува во суета