Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Германија подготвена за најавеното повлекување на американските сили од земјата

Германија подготвена за најавеното повлекување на американските сили од земјата
Img 7972

Германската влада е информирана за најавеното повлекување на американски војници од Германија и, заедно со засегнатите покрани, ќе се договори со американската влада и НАТО, се наведува во заедничко соопштение на неколку германски владини институции.

Во соопштението се нагласува дека Соединетите држави планираат трајно да го намалат бројот на американски војници во Германија за 6.400 војници, на максимум 25.000.

СAД планираат да преместат 11.900 војници од Германија и да го намалат нивниот број од 36.000 на 24.000, што е повеќе од бројките кои претходно се споменуваа, изјави во средата американскиот министер за одбрана Марк Еспер.

Според американскиот план, речиси 5.000 војници ќе бидат разместени низ земјите на НАТО, додека 6.400 ќе се вратат во САД, при што многумина ќе бидат ротациски распоредувани низ Европа, рече Еспер на прес-конференција.

Минатиот месец Трамп ги објави плановите да го намали бројот на американски трупи во Германија на 25.000, критикувајќи го блискиот американски сојузник дека не одвојува доволно пари за одбраната на НАТО, обвинувајќи за експлоатација на Америка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

За 24 часа Израел изврши 93 напади врз Појасот Газа, најмалку 70 загинати

Грета Тунберг „влечена по земја“ и „принудена да го бакне израелското знаме“ – сведоштва на активисти по акцијата во Газа

Еден загинат девет повредени во руски напад врз Запорожје