САД повлекуваат 12.000 војници од Германија, и ќе го преместат седиштето на американската команда во Белгија од Штутгарт, што е едно од претходните барања на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ги изненади своите сојузници.
Претседателот Трамп рече дека овој потег е одговор на неуспехот на Берлин да ги исполни целите за трошење во одбраната.
САД се подготвуваат да повлечат речиси 12.000 војници од Германија во потег опишан како „стратешко“ репозиционирање на своите сили во Европа.
Околу 6.400 војници ќе бидат испратени дома, а останатите се преместени во други земји на НАТО, како што се Италија и Белгија.
Претседателот Доналд Трамп рече дека овој потег е одговор на Германија, која не ги исполнила целите на НАТО во трошењето средства за одбрана.
„Не сакаме повеќе да бидеме наивни“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа, непосредно по објавувањето на одлуката. „Ние го намалуваме бројот на војниците затоа што тие не ги плаќаат сметките; тоа е многу едноставно“.
Но, оваа одлука предизвика големо спротивставување во Конгресот меѓу оние кои веруваат дека тоа ќе ја зајакне Русија.
Високи германски претставници на власта исто така изразија загриженост.
Секретарот за одбрана Марк Еспер истакна дека тоа е дел од поширок план за преместување на американските сили во регионот.
Тој рече дека станува збор за голема стратешка и позитивна промена со која ќе се постигнат основните принципи на зајакнување на влијанието на САД и НАТО врз Русија.
Овој потег ќе ја чини американската влада неколку милијарди долари и ќе го намали военото присуство на земјата во Германија за повеќе од 25 проценти.
Ескадрилата на борбени авиони ќе биде преместена во Италија, додека некои трупи би можеле да бидат преместени во Полска, рече Еспер.
Одлуката беше критикувана од германските власти, а претседателот на комисијата за надворешни работи на Германија посочи дека тоа ќе ја ослабне алијансата на НАТО.
И шефот на германската држава Баварија, Маркус Судер рече дека жали за одлуката. „Ова им носи товар на германско-американските односи“, им рече тој на новинарите.