Утрински Весник
Свет

Рекорден број на починати во Австралија и покрај карантинот во Мелбурн

Австралија ќе ја изолира една од најнаселените држави поради коронавирусот

Австралиската држава Викторија потврди рекорден број на смртни случаи и зголемен број на заразени од коронавирус, поради што многумина изразија страв дека карантинот во Мелбурн не функционира.

Во Австралија во изминатите 24 часа од коронавирус починале 13 луѓе, а дополнително се заразиле 723, што е скок од 36 проценти во однос на рекордниот број на нови случаи што беше забележан во понеделникот.

Сега многумина стравуваат дека владата ќе мора да го продолжи карантинот во Мелбурн, кој започна на 7 јули, а треба да трае шест недели, пишува Би-би-си.

„ Ако имате симптоми, единствено што можете да направите е да се тестирате. Едноставно не можете да одите на работа“ изјави премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус.

Во Австралија досега се забележани 16.298 случаи и 189 смртни случаи на ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Стармер: Велика Британија нема да распоредува свои трупи во Иран

Швеѓанец ја принудувал сопругата на сексуални услуги со повеќе од 120 мажи

Во поплавите во Пакистан и Авганистан загинаа 45 лица