Утрински Весник
Спорт

Дембеле подготвен за Наполи

Дембеле подготвен за Наполи

Усман Дембеле, крилниот напаѓач на Барселона, ќе биде во составот на шпанскиот тим за натпреварите во Лигата на шампионите.

Минатиот месец францускиот репрезентативец започна со тренинзи по паузата од речиси седум месеци. Дембеле поради повредите ја пропушти целата сезона во која Барселона не успеа да ја одбрани шампионската титула.

Дембеле во јуни 2017 година во Барселона пристига од Борусија Дортмунд за сума од 105 милиони евра. За овие три години не успеа да ја оправда инвестицијата.

Барселона во осмина-финалниот реванш во лигата на шампионите ќе го пречека Наполи на 8 август. Првиот натпревар одигран уште во февруари заврши 1:1.

> Дембеле подготвен за Наполи <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија