Утрински Весник
Магазин

Во Загреб се трага по побегнат кралски питон

Во Загреб се трага по побегнат кралски питон

Во Загреб се трага по змија од видот кралски питон која исчезнала од дворот на сопствениците.

„Станува збор за тригодишна женка по име Зое, која е долга околу еден метар. Таа се сончала во градината, но нејзината сопственичка на кратко го оттргнала вниманието, по што змијата отползила во непознат правец“, напишаа од Центарот за животни „Думовец“ во објава на „Фејсбук“.

Настанот се случил во понеделникот, но по безуспешните обиди за пронаоѓање на питонот, сопственичката се решила да попабара помош од сограѓаните и од Центарот за животни.

Од Центарот апелираат граѓаните да не се плашат од змијата и да ги повикаат доколку ја забележат.

„Јавете ни се и ние ќе веднаш ќе ја преземеме. Иако Зое веројатно не би ви направила ништо, бидејќи таа е животно што не го познавате, не ја допирајте“, напишаа од Центарот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Што да јадете кога стомакот е чувствителен? Шест намирници што полесно се поднесуваат

Дневен хороскоп за 18 октомври: Близнаците пред спонтан план, Јарците да ги остават обврските за утре

ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“