Утрински Весник
Свет

Црна Гора: Границата со Србија ќе остане затворена уште некое време

Германија ја избриша Црна Гора од листата безбедни земји

Помошник директорoт на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, Сенад Бегиќ, рече дека ќе помине уште некое време додека Црна Гора не ја отвори границата со Србија, пренесува РТЦГ.

„Ми се чини дека ќе помине уште некое време додека се отворат границите за да се овозможи проток на луѓе, стоки и услуги“, рече Бегиќ на прес-конференција на Националното координативно тело.

Тој нагласи дека инфекцијата во Црна Гора е регистрирана кај туристи кои подолго време се наоѓаат во земјата, но не кај такви кои се на пократок престој од 7 или 10 дена.

Бегиќ посочи дека во Црна Гора нема недостаток на тестови за коронавирус и нагласи дека е тешко да се зборува или прогнозира околу врвот на епидемијата.

„Направивме одредени модели и резултатите укажуваат на тоа дека сега сме во врвот или дека врвот веќе поминал“, додаде тој, но, како што објасни, ова не се сигурни податоци.

Во Црна Гора денеска беа регистрирани 67 нови случаи на коронавирус врз основа на анализа на 608 примероци, како и двајца починати, додека пак во Србија во последните 24 часа се забележани 372 новозаразени и седум смртни случаи.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење