Утрински Весник
Магазин

Супермоделот Хилари Род стана мајка

Супермоделот Хилари Род стана мајка
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Хилари Род и поранешниот хокејар Шон Ејви го дочекаа нивното прво дете, синот по име Неш, преубава вест по неколкуте спонтани абортуси на манекенката.

Ангелот на „Викторија сикрет “ (33) и поранешниот професионален играч на хокеј на мраз (40) ја споделија веста во вторникот наутро со фотографии од детето.

„Те сакаме бебе Неш“, пишува на фотогафијата направена од нејзиниот болнички кревет. Таа блеска додека го држи своето новороденче.

Шон додаде: „Не можам да опишам колку сум возбуден што сум татко. Станав татко. Јас имам момче. Мислив дека нема да го дочекам овој ден. Се надевав дека тоа ќе се случи во одреден момент, но сè додека не се случи – никогаш не знаете.“

Претходно, манекенката изјави за „Пипл“: „Бев чувствителна кон оние што се обидуваат да забременат или претрпеле загуба од спонтани абортуси, како што ми се случи мене, па затоа сакав да споделам дека не беше лесно ниту за нас“.

„По неколку спонтани абортуси, притисокот почнува да расте и лекарите за плодност велат: имате можност, максимизирајте ја 4 до 5 дена без пауза.“

Хилари и Шон се венчаа во 2015 година по долгата романса.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Витаминот Ц како можна заштита од штетните ПМ честички

Вечер на класична магија – Пијано концерт на Арда Мустафаоглу во „Џевахир мол”

Зимска магија, улична храна и врвна музика на WINTERFESTIVAL пред СЦ „Борис Трајковски“