Утрински Весник
Македонија

Шилегов: Можен е референдум за Универзална сала

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов со еден потпис реши да ја урне Универзална сала

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, вели дека ако не се постигне консензус што да се прави со Универзална сала, можно е граѓаните преку референдум да одлучат за нејзината иднина.

Тој кажа дека постојат три опции – уривање на салата и изградба на нов објект на истата локација, уривање на салата со дислокација и заштита на просторот и реставрација на постоечкиот објект и изградба на нов културен објект на нова локација која дополнително ќе биде одредена

Шилегов најави дека следен чекор на Град Скопје ќе бидат посебни конкурси за реставрација на Универзална и за парк.

„Конкурсните решенија треба да бидат предмет на дебата“, изјави Шилегов.

Тој вели дека пред да биде распишан референдум ќе мора да бидат доразработени сите варијанти, за да се знае прашањето кое ќе им се постави на граѓаните.

Шилегов по бурните реакции и критики од јавноста се обрати пред граѓаните и го кажа своето лично мислење околу рушењето на Универзална сала.

„Интимно би сакал да се реставрира Универзална сала и да изградиме концертна сала. Прашање е колку Владата и државата се способни да потрошат“, рече Шилегов.

Тој не ја оспори важноста на Универзалната сала, но додаде дека објектот е сериозно руиниран бидејќи е стар и прозорците, вратите, инсталацијата, сето тоа би било предмет на обнова.

„Универзална е колективна меморија на културниот живот на Македонија, не само на Град Скопје и затоа во овој процес треба да бидеме сите, Градот Скопје, Владата со Министерството за култура, стручната јавност и обичната јавност која има силни емоции и големо право да го каже своето мислење“, рече Шилегов.

Тој ги демантира шпекулациите во јавноста за можна замена на местото кај „Треска“ за парк кај Универзална.

Според Шилегов, реконструкцијата која ѝе потребна на Универзалната сала и градењето нова концертна сала би ја чинело државата околу 20 милиони евра.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер