Утрински Весник
Свет

Песков: Путин се тестира секогаш кога е потребно

Песков: Путин се тестира секогаш кога е потребно

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин продолжува да се тестира за коронавирус, секогаш кога тоа е потребно.

„Секако дека се тестира секогаш кога е потребно и кога лекарите ќе му препорачаат“, им рече Песков на новинарите, пренесува ТАСС.

Песков повтори дека немале информации дека претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко е позитивен на коронавирус и изјави дека сите Руси со кои зборувал биле живи и здрави.

Лукашенко соопшти дека прележал коронавирус на нозе.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп од прославата на 250 години независност: Америка влегува во нова златна ера

СЗО прогласи крај на епидемијата на хантавирус на крузерот „Хондиус“

Јахтата на Путин забележана во близина на брегот на Данска