Утрински Весник
Свет

Бела ајкула усмрти жена додека пливала близу брегот во Мејн

Бела ајкула усмрти жена додека пливала близу брегот во Мејн
Dik 300x250 mk

Голема бела ајкула нападнала и убила жена во американската држава Меjн на само 18 метри од брегот.

Џули Холовач (63), која неодамна се пензионирала, во понеделникот пливала во близина на островот Бејли кога била нападната од ајкула. Ова е втор напад на ајкула, некогаш снимен во Мејн. Овој вид ајкула обично не доаѓа во таа област поради постудената температура на водата.

Во моментот на нападот Холовач пливала со нејзината ќерка во близина на заливот Мекерел. Нејзината ќерка не е повредена, пишува Би-би-си.

„Одеднаш таа почна да вика за помош“, рекла нејзината ќерка.

Нивниот сосед Том Хауте изјавил пред новинарите дека го видел нападот од неговата канцеларија со поглед на заливот.

„Ја видов како плива и се радува, но потоа одеднаш почна да вреска за помош. Во еден момент, Џули потона. Изгледаше дека некој ја влече на дното. Тогаш нејзината ќерка почна да плива кон неа”, рече Хауте.

Друг сведок на немилиот настан рекол дека водата била цела со крв. На помош на жената дошле два кајаци кои ги извлекле на брегот. Стигнала и итната помош, но Џули набрзо била прогласена за мртва.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина

Германскиот челичен сектор во „егзистенцијална криза“, предупреди Мерц

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник