Утрински Весник
Свет

Министер во БиХ почина од коронавирус

Министер во БиХ почина од коронавирус

Федералниот министер за прашања на борците, Салко Букваревиќ, почина утрово на Клиниката за белодробни заболувања во Сараево, пренесува Klix.ba.

Пред околу десетина дена, тој бил хоспитализиран поради влошување на здравјето, откако бил тестиран за коронавирус, а резултатот бил позитивен. Неговата здравствена состојба се влошила во понеделникот.

„Тој бил приклучен на апарат за кислород во претходните денови, но тоа не било доволно заради воспалението на белите дробови. Затоа вчера утрото бил приклучен на респиратор. На 22 јули, Букваревиќ бил тестиран за коронавирус, а резултатот бил позитивен“, објави Klix.ba.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Путин бара завршување на судирите и укинување на санкции за да се стабилизира пазарот на гас

Велика Британија од 1 јануари повторно ќе се приклучи на програмата „Еразмус плус“

„Боинг“ ја намали загубата во третото тримесечје, заостанатите нарачки се искачија на 745 милијарди долари