Утрински Весник
Свет

„Дојче телеком“ и „Ериксон“ воведуваат 5G радио мрежа во Германија

„Дојче телеком“ и „Ериксон“ воведуваат 5G радио мрежа во Германија

Ериксон и Дојче телеком (ДТ) потпишаа договор за воведување 5G радио пристапна мрежа (РАН) низ Германија, соопштија компаниите.

Според условите на договорот, во текот на следните неколку години, основните станици ќе бидат надградени според технолошкиот стандард 5G, користејќи ги производите и решенијата на „Ериксон“ од портфолиото на радиосистемите.

Договорот за воведување на 5G следува по договорот поврзан со воведување на повеќекратна 5G радио пристапна мрежа и претставува нов чекор во успешната заедничка модернизација на радиомрежите на ДТ 2G, 3G и 4G, се вели во соопштението на двете компании.

Компаниите исто така посочија дека ќе се примени наградуваното решение на Ериксон – Spectrum Sharing, кое ќе му овозможи на ДТ да управува динамично со 4G и 5G мрежниот сообраќај со ефикасно користење на постојниот спектар, истовремено зголемувајќи ги опфатот, перформансите и мобилноста.

Покрај јавните мобилни мрежи, двете компании соработуваат во опремувањето на индустриски компании со приватни мобилни мрежи, т.н. мрежни кампуси. Тие неодамна заеднички ги опремија погоните на БМВ и Осрам.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме