Утрински Весник
Свет

Турскиот парламент го усвои спорниот закон за социјалните мрежи

Турскиот парламент го усвои спорниот закон за социјалните мрежи

Турскиот парламент го усвои законот за регулирање на содржините на социјалните мрежи, кој, како што тврдат критичарите, ќе ја зголеми цензурата и ќе и` помогне на владата во замолчување на опозициските гласови.

Законот наложува страниците на социјалните мрежи да ги одредуваат претставници во Турција, кои ќе ја земат предвид загриженоста на надлежните органи за содржината, а има и краен рок за отстранување на спорниот материјал.

Според новиот закон, компаниите се соочуваат со казни, со блокирано рекламирање и со намален опсег на широкопојасниот интернет до 90 проценти, со што всушност се блокира пристапот.

Владејачката партија на претседателот Реџеп Таип Ердоган, која со националистичката партија има мнозинство во парламентот, го поддржа предлог-законот, а неговото усвојување по расправата, која започна вчера, е објавено на „Твитер“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Камион се преврте врз цивили кои чекаа помош во Газа, најмалку 20 мртви

Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

Либанскиот премиер ја повика армијата да го стави целото оружје во земјата под владина контрола