Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Владата ја поништи паричната казна за советникот на Чулев, кој нападна началник

Синдикатот на полицијата обвинува за притисоци на вработени да гласаат за одредена партија
300x250 opst2

Владата на седница го поништи дисциплинското решение, со кое му беше намалена платата на Зоран Ѓорѓиевски, советник на ексминистерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, како казна поради нападот на началник во СВР Тетово.

Како што е наведено, решението е поништено бидејќи е донесено во изборен период, кога, дисциплинските постапки не можат да резултираат со откази од работно место, иако, на советникот на Чулев за физичкиот и вербален напад му се заканувала и таква казна. Сега, МВР ќе треба да спроведе нова дисциплинска постапка, со променета комисија и да одлучи како ќе го казни државниот советник.

На советникот Ѓорѓиевски дисциплинската мерка му беше изречена и прифатена, два дена пред министерот Чулев да замине од министерската фотелја во МВР. Чулев преку статус на социјалните мрежи посочи дека прифатил неговиот советник да се казни со најстрога мерка, без да посочи која е таа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Родителите на починатите се сомневаат во обвинителниот акт, на обвинителот Коцевски му се обратија со повеќе барања

Мицкоски од Брвеница: На овие избори постојат две коалиции, едната СДС-ДУИ и Левица а другата опција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

Фазлиу: Вреди поднесе иницијатива до Антикорупциската комисија за тендерите на „Ас Сењак“