Утрински Весник
Спорт

Рој Џонс: Ќе биде опасно против Тајсон, тој е „огромен ѕвер“

Рој Џонс: Ќе биде опасно против Тајсон, тој е „огромен ѕвер“

Рој Џонс Јуниор, боксерската легенда и следниот противник на Мајк Тајсон во неговиот прв меч по 15 години, го опиша својот противник како „голем ѕвер“ и призна дека ризикува многу со влегувањето во рингот со „Челичниот“.

54-годишниот Тајсон неодамна потврди дека се враќа во рингот против 51-годишниот противник Џонс Јуниор, и иако двајцата имаат заедно 105 години, ќе се борат во Калифорнија на 12 септември во меч кој ќе предизивика огромно внимание.

Иако се работи за егзибициски меч од 8 рунди, дел од боксерските критичари сметаат дека е преопасно за „старци“ да ги вркстат ракавиците. Самиот Џонс Јуниор признава дека моќта на Тајсон е загрижувачка.

„Тој има огромни нозе, огромни бутни мускули. Рацете исто така му се големи, како и вратот. Да, тоа ќе биде ризично, но Бог го контролира животот. Претходно ги победував сите без разлика на категоријата, така што одиме понатаму. Се работи за меч на Давид против Голијат. Тој е голем ѕвер, сите го знаеме тоа. Јас сум малиот Давид, но со Господ на мојата страна можам да победам“, вели Џонс Јуниор.

Рој Џонс Јуниор во своите најдобри денови беше сметан за најдобриот боксер без разлика на категоријата, но последен меч имаше во 2018 година. Во кариерата тој беше шампион во четири тежински категории – средна, супер-средна, средно-тешка и тешка категорија и е единствен бокср во историјата кој ја почнал кариерата во јуниор-средна титула и стигнал до појас во тешка категорија.

Тајсон ја закажа „борбата на векот“

> Рој Џонс: Ќе биде опасно против Тајсон, тој е „огромен ѕвер“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари