Утрински Весник
Македонија

Вратени на старите функции 14 раководни лица во МВР

Синдикатот на полицијата обвинува за притисоци на вработени да гласаат за одредена партија

Министерството за внатрешни работи соопшти дека од денеска, согласно постоечките законски одредби за функционирањето на т.н. техничка влада, повторно се вратени на старите раководни функции 14 раководни лица на исто толку организациони единици во министерството, кои беа на овие позиции и пред формирањето на техничката влада.

На раководни позиции се враќаат следниве раководители:

1. Тони Јакимовски – началник на Сектор за внатрешни работи Скопје во Биро за јавна безбедност
2. Сашо Смилески – началник на Сектор за внатрешни работи Охрид во Биро за јавна безбедност
3. Марјан Коцев – началник на Сектор за внатрешни работи Штип во Биро за јавна безбедност
4. Славко Јованоски -началник на Сектор за внатрешни работи Битола во Биро за јавна безбедност
5. Игор Каравилоски- началник на Одделение за внатрешни работи Прилеп во СВР Битола во Биро за јавна безбедност
6. Злате Јаневски -началник на СВР Велес во Биро за јавна безбедност
7. Танчо Пројковски- началник на Сектор за внатрешни работи Струмица во Биро за јавна безбедност
8. Стојанче Величковиќ – началник на Сектор за внатрешни работи Куманово во Биро за јавна безбедност
9. Дејан Андонов – помошник на министерот на оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
10. Бранко Трајановски – началник на оддел за специјални полициски операции во Биро за јавна безбедност
11. Митко Даневски – командант на единица за специјални задачи во оддел за специјални полициски операции во Биро за јавна безбедност
12. Лазо Велковски – началник во оддел за сузбивање сериозен и организиран криминал  во Биро за јавна безбедност
13. Примислав Димовски – началник на единицата за интервентна полиција во Сектор за внатрешни работи Скопје во Биро за јавна безбедност
14. Марјан Здравковски – помошник на министер на оддел за информатика и телекомуникации

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Завршува конкурсот за прием во студентски домови за студентите од втора до шеста година и апсолвенти

Во прекин патниот правец с.Пирава – с.Јосиво, Валандовско

Прв панел од кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“