Утрински Весник
Спорт

Шкупи против Шкендија во првото коло, Вардар го чека Борец

Шкупи против Шкендија во првото коло, Вардар го чека Борец

Во „Куќа на фудбалот“ со извлекување беше одреден распоредот на натпревари за новата сезона од Прва МФЛ која треба да започне на 9. август.

Воведното коло стартува со дерби пресметка на стадионот Чаир. Домашниот Шкупи го пречекува тимот на Шкендија. Повратникот во нашата најдобра конкуренција, екипата на Пелистер го пречекува составот на Академија Пандев, додека Вардар, новото првенство го започнува со домашен меч против велешки Борец.

Двојки за 1 МФЛ, натпреварувачка сезона 2020/21, 1. коло:

Шкупи – Шкендија
Македонија Ѓ.П. – Работнички
Беласица – Силекс
Пелистер – Академија Пандев
Вардар – Борец
Ренова – Струга Трим Љум

Комплетниот распоред на натпревари за натпреварувачката сезона 2020/2021 во Прва МФЛ.

извор/ ffm.mk

> Шкупи против Шкендија во првото коло, Вардар го чека Борец <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ФИФА ќе ја преиспита својата стратегија за продажба на влезници за СП2030

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале

Успешно реализирано Светското училишно првенство во ракомет – Македонија ја оправда довербата на светската спортска сцена