Утрински Весник
Свет

Советникот на Трамп за национална безбедност позитивен на коронавирус

Советникот на Трамп за национална безбедност позитивен на коронавирус

Советникот на американскиот претседател, Доналд Трамп, за национална безбедност, Роберт О’Брајен е позитивен на коронавирус, објави „Блумберг“ повикувајќи се на неименувани извори.

О’Брајен е во изолација во неговиот дом, од каде што ги извршува работните активности.

„Тој очигледно се заразил на семеен настан“, напиша новинарката Џенифер Џејкобс на „Твитер“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Москва ја поздрави одлуката на Трамп за укинување на пакетот санкции против Русија

Иран тврди дека супертанкер удрил во мина во Ормуската Теснина

„Гугл“ го одбил барањето на Трамп – Атлантскиот или Тихиот Океан да бидат преименувани во „Океан Трамп“