Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Германија го одби предлогот на Трамп за Русија

Германија го одби предлогот на Трамп за Русија
300x250 opst2

Германија го отфрли предлогот на американскиот претседател, Доналд Трамп, да го покани рускиот претседател, Владимир Путин, на состанокот на Г7.

Русија беше исклучена од Г7 во 2014 година, а Трамп минатиот месец посочи дека Г7 може повторно да се прошири, пренесува Ројтерс.

Сепак, германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, изјави дека не гледа никаква можност да и дозволи на Русија да се врати во Г7 се додека не се постигне значителен напредок во решавањето на конфликтот во Крим и источна Украина.

„Г7 и Г20 се два координирани формати. Не ни требаат повеќе Г11 или Г12“, рече Мас за предлогот на Трамп, покрај Русија, другите земји да бидат поканети на состаноците на Г7.

Мас истакна дека односите со Русија во моментов се тешки во многу области, но дека е неопходна Русија за решавање на конфликтите во Сирија, Либија и Украина.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори