Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Секој 26 јули се сеќаваме на скопскиот земјотрес и светската солидарност

Пендаровски: Секој 26 јули се сеќаваме на скопскиот земјотрес и светската солидарност

Солидарноста и заедништвото ни се потребни за да ја надминеме секоја тешкотија со која како општество ќе се соочиме, напиша утрово на својот фејсбук-профил претседателот на државата, Стево Пендаровски, потсетувајќи се на катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година.

„Секој 26 јули се сеќаваме на кобното утро во 1963 кога силниот земјотрес ги однесе животите на над илјада наши сограѓани, илјадници беа повредени, а многумина ги изгубија своите домови“, напиша Пендаровски.

Се сеќаваме, додава претседателот, и на солидарноста и помошта која пристигна од целиот свет.

„Во тешките денови кога се справуваме со пандемијата на Ковид-19 да се потсетиме дека солидарноста и заедништвото ни се потребни за да ја надминеме секоја тешкотија со која како општество ќе се соочиме“, напиша претседателот во својата објава.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уапсен во Србија е возачот што ја усмрти жената во Капиштец 

Филипче удри по внатрешните противнициж, „Нема да дозволам поделби платени од ВМРО-ДПМНЕ“

Штрајк ја приземјува „Луфтханза“: Илјадници патници погодени, пилотите и кабинскиот персонал излегуваат на протест