Утрински Весник
Македонија

Конечни резултати: СДСМ освои 46 мандати, ВМРО-ДПМНЕ 44

Пријави до МВР: Агитирање, нудење пари и организирано носење луѓе на гласање

Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 46 мандати, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освои 44 мандати, ова се конечните резултати на Државната изборна комисија од предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15 јули.

Според конечните резултати, ДУИ освои 15 мандати во Парламентот, коалицијата Алијанса за Албанците / Алтернатива 12, Левица освои два мандати и ДПА еден мандат.

Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 327.408 гласа, односно 35,89 отсто од гласовите, а коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ – 315.344 гласови или 34,57 отсто од гласовите.

ДУИ освои 104.699 гласови или 11,48%, коалицијата Алијанса/Алтернатива освои 80.000 гласови или 8%, Левица – 37.426 гласови или 4,1% и ДПА – 13.930 гласови или 1.53%.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Подгответе се: Од утре пад на температурите – ова се деталите

Аврамовски: Наместо пари за питијади и ајваријади, општините да инвестираат во повеќе јавни паркинзи, зеленило и подобри услови во градинките и училиштата

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: Следува намалување на интензитетот на овој топлотен бран од Африка!