Утрински Весник
Свет

Индија почнува со тестирање на вакцина против коронавирусот на луѓе

Вакцината на Оксфорд е една од водечките во трката за заштита од коронавирусот

Во Индија е најавен почеток на тестирање на вакцина против коронавирус на луѓе, пренесе „Асошиејтед прес“.

Во меѓувреме, во земјата се потврдени скоро 49.000 новозаболени, со што вкупниот број надмина 1,3 милиони.

Досега, во Индија од Ковид-19 починале 31.358 луѓе, од кои 757 во последните 24 часа.

Сеиндискиот институт за медицина соопшти дека пробната вакцина „Коваксин“ ќе им биде вбризгана на доброволци во Њу Делхи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран нуди 30.000 долари за секој заробен или убиен американски војник

Две жени загинаа во поплави и одрон во Шпанија

Автобус се преврте во Унгарија, 12 загинати