Утрински Весник
Свет

Mаж во Индија силувал девојче во Центар за третман на коронавирус

Mаж во Индија силувал девојче во Центар за третман на коронавирус

Четиринаесетгодишно девојче е силувано во Центар за третман на коронавирус во Индија, јавува Си-Ен-Ен.

Сторителот бил 19-годишник, а заменик-началникот на полицијата во Њу Делхи, Парвиндер Синг, рече дека двајцата претходно не се познавале.

„Силувањето се случило во изолирана област во Центарот за третман на коронавирус, на сторителот му помогнал 20-годишен пријател во злосторството“, рече Синг.

Пријателот на сторителот, наводно, снимил сè.

Осомничениот и жртвата биле двајцата пациенти во Центарот за третман на коронавирус во јужниот дел на Њу Делхи кој има 10.000 легла.

„Жртвата тврди дека 20-годишниот, пријател на сторителот, го снимал силувањето со мобилен телефон“, додаде Синг.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бројката на загинати во пожарот во комплексот во Хонг Конг се зголеми на 75, ќе расте уште

Северна Кореја го воведе рускиот јазик како задолжителен предмет во училиштата

Обвинителката Бонди ќе бара смртна казна за осомничениот што пукаше во припадниците на Националната гарда