Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

СМС ќе остане во Лацио

СМС ќе остане во Лацио
Img 7972

Српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС) нема да го напушти Лацио во преодниот рок. СМС ќе игра со тимот во Лигата на шампионите наредната сезона. Лацио со вчерашната победа над Каљари 2:1, по 12 гоидини пауза се враќа во Лигата на шампионите. Еден од двата гола за Лацио ги постигна СМС.

„Од првиот ден мојата цел беше да играм во Лш со Лацио, сега конечно ја оставривме целта. Среќен сум овде, фокусиран сум само на Лацио, имам повеќегодишен договор. Останувам. Мојот менаџер ќе размислува за другите детали“, рекол СМС.

Српскиот репрезентативец има договор со Лацио до јуни 2024 година.

Сезонава тој одиграл 40 натпревари, постигнал седум гола и забележал исто толку асистенции.

> СМС ќе остане во Лацио <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг