Утрински Весник
Спорт

Пиоли: Ова е еден друг Милан!

Пиоли: Ова е еден друг Милан!

Калчолигашот Милан утре од 21.45 часот ја дочекува Аталанта во дербито од 36 коло во Серија А.

Откако неколку месеци се зборуваше дека по крајот на сезоната Стефано Пиоли го напушта кормилото на екс-европскиот шампион, а на негово место дека ќе дојде Ралф Рангник, сепак сета таа приказна пукна како „меур од сапуница“.

Пиоли доби доверба на раководството на Милан до 2022 година.

На првиот меч оваа сезона, во Бергамо Аталанта ги прегази „црвено-црните“ со 5-0, но Пиоли вели дека тоа беше друга екипа.

„Не треба да не потсетувате на тоа, сакаме да продолжиме со добрата форма колку и да е тоа можно. Аталанта е во врвот во речиси секоја статистичка категорија, но и нам ни оди добро и сакаме да направиме добра претстава. Многу се променивме. На првиот меѓусебен меч ти погодија некои сјајни голови, а ние бевме на почетокот на заедничкото патување. Ова сега е друг Милан. Ние сме ментално во идеална ситуација, но и Аталанта е сјајна“ – вели Пиоли.

Утринава тој и официјално го потпиша новиот договор со „Росонерите“.

„Тешко ми е да не мислам за тоа, тоа го сакав од почетокот, среќен сум, но имаме важен меч утре“ напомена тој.

> Пиоли: Ова е еден друг Милан! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Србија го освои првото злато на Олимписките игри во Париз

Шерифовски поразен на турнирот во џудо

Египќанка во седмиот месец од бременоста победи во меч во мечување