Утрински Весник
Македонија

Синоќа по полноќ избила тепачка пред фонтаната во Градскиот парк

Синоќа по полноќ избила тепачка пред фонтаната во Градскиот парк

Околу три часот по полноќ, во скопската полиција синоќа била пријавена тепачка кај фонтаната во Градскиот парк во Скопје.

Како што информираат од МВР, во тепачката од едната страна учествувале три лица на возраст од 32, 19 и 20 години и двајца 36-годишници од другата страна, сите од Скопје.

Полицијата реагирала на местото на настанот, а против учесниците во тепачката ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еден час се чека за влез во Грција преку „Богородица“

Три нови случаи на западнонилска треска – прв случај регистриран и во Арачиново

Три ер трактори го гаснат пожарот на Жеден