Утрински Весник
Македонија

Две неексплодирани гранати пронајдени во двор на куќа во Кичевско

Две неексплодирани гранати пронајдени во двор на куќа во Кичевско

Кичевец во својот двор пронашол две неексплодирани гранати од Втората светска војна.

Според информациите на МВР, вчера во полиција И.Б.(43) од Кичево пријавил дека, додека изведувал градежни работи во неговата куќа во село Горно Раштани, пронашол две неексплодирани гранати.

При увид, извршен од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, било утврдено дека станува збор за рачни гранати од италијанско потекло од Втората светска војна.

Гранатите биле безбедно подигнати за понатамошна постапка.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

МОН со честитка за меѓународен ден на мајчиниот јазик

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов до крајот на 2029 година

Обвинение за 21-годишник, ја претепал и 15 часа ја држел заклучена бремената девојка