Утрински Весник
Свет

Седум италијански карабинери уапсени за трговија со дрога и за тортура

Седум италијански карабинери уапсени за трговија со дрога и за тортура

Италија е шокирана од масовниот скандал по апсењето на седум карабинери осомничени дека биле вмешани во серија злосторства, од трговија со дрога, до незаконски апсења и тортури, пренесува РТ.

Во потег без преседан, обвинителите во северниот италијански град Пјаченца ја затворија и ја изолираа локалната касарна на карабинерите како дел од истрагата против полицајците што дејствувале од неа. Шест локални карабинери се задржани во притвор, а еден е ставен во домашен притвор.

„Ништо што се случуваше во тие бараки не беше легално“, рече главниот обвинител на Пјаченца, Грација Прадела.

Само еден карабинер таму не бил вклучен во, како што рече Прадела, шокантни злосторства.

Карабинерите се дел од италијанските вооружени сили кои се задолжени и со функции од цивилното полициско работење.

Седуммината се обвинети за водење криминални шеми кои вклучуваат снабдување со дрога на локалните дилери, обезбедување покритие за нив како и незаконско апсење и тортура врз луѓе – нешто што Прадола го спореди со методите на озлогласените злосторнички синдикати во Италија.

Другите обвиненија изречени против нив по шестмесечната истрага вклучуваат изнуда, нанесување тешки телесни повреди, проневера, злоупотреба на службената должност и измама.

Полицајците успевале да се извлечат со своите злосторства барем од 2017 година, па дури ни пандемијата на коронавирус не ги нарушила нивните планови.

„Додека Пјаченца ги броеше мртвите од коронавирус, овие карабиниери им доставуваа дрога на дилерите кои останале без роба поради мерките на ограничено движење“, рече обвинителот.

Тие потпишале изјави што укажуваат дека ги проверувале дилерите додека патролирале низ градот за време на карантинот само за да ги прикријат своите шеми за трговија со дрога.

Министерот за одбрана на Италија, Лоренцо Герини, се обиде да го ублажи исходот предизвикан од скандалот. Тој ги осуди постапките на осомничените како неописливи кривични дела, но предупреди дека развојот на настаните не треба да го нарушува имиџот на карабиниерите.

„Одделот е составен од стотици илјади посветени мажи и жени, кои даваат се од себе за да ги заштитат Италијанците. Командата на карабиниерите веднаш ги суспендираше сите осомничени и објави дека размислува за строги дисциплински мерки против нив,“ рече тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата

Русија упати предупредување до Јужна Кореја: „Воздржете се од непромислени чекори“