Утрински Весник
Свет

Државни медиуми: Вакцината против коронавирус во Кина би можела да биде готова до крајот на годината

Државни медиуми: Вакцината против коронавирус во Кина би можела да биде готова до крајот на годината
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Потенцијалната вакцина за коронавирус на кинеската национална фармацевтска група „Синофарм“ може да биде подготвена за јавна употреба до крајот на годината, и покрај првичните најави дека нема да биде готова до 2021 година, јавуваат кинеските државни медиуми.

Директорот на „Синофарм“, Лиу Џингжен, изјави за државната  телевизија ЦЦТВ дека компанијата очекува да ја заврши последната фаза на тестирање врз луѓето за три месеци.

Одделот CNBG на „Синофарм“, задолжен за два проекти на вакцина против коронавирус, во јуни објави дека можеби нема да може да го исполни крајниот рок до 2021 година, бидејќи недостигот на нови случаи во Кина го отежнува пронаоѓањето на луѓе за тестирање.

Подоцна беше објавено дека Кина нашла алтернативно место за тестирање во странство, надминувајќи некои пречки во глобалната трка за производство на вакцина против коронавирусот, од кој загинаа над 600.000 луѓе во светот, пренесува „Ројтерс“.

Истражувањето на „Синофарм“ влезе во третата фаза која опфаќа околу 15.000 учесници и два соја на вакцина во Обединетите Арапски Емирати.

Потенцијалната вакцина ја развива и кинеската компанија „Синовак Биотех“ користејќи слична технологија. Таа исто така влезе во третата фаза на тестирање во Бразил.

И вакцината што ја развиваат Кан-Сино биолоџикс и кинеската воена истражувачка единица исто така влегуваат во третата фаза на тестирање надвор од Кина.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони