Утрински Весник
Македонија

Петрушевска: Со новиот статут жените добиваат заштита и се обезбедува рамномерна застапеност

Петрушевска: Со новиот статут жените добиваат заштита и се обезбедува рамномерна застапеност
Dik 300x250 mk

ВМРО-ДПМНЕ врти нов лист, новиот Статут на партијата ја гарантира родовата еднаквост помеѓу жените и мажите. Жените добиваат заштита во Статутот, кој ќе ја гарантира правичната застапеност, изјави Марија Петрушевска, претседателка на ОК ВМРО-ДПМНЕ Петровец.

„Жените повеќе нема да имаат потреба да се борат за квоти во партијата и политиката. ВМРО-ДПМНЕ со новиот Статут воведува нови стандарди, со кои партијата е таа која се грижи за нив и води сметка за родовата еднаквост по сила на Статут. Им честитам на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, како и на сите жени во партијата, овој Статут е плод на нашата долгогодишна посветеност и труд, со кои и го загарантиравме местото на жената во партијата и политиката“, изјави Петрушевска.

Статутот, додаде таа, ја промовира еднаквоста и е одраз на најголемите европски и демократски вредности.

„Ова решение е комбинирано и е резултат на студиозен пристап на Статутарната комисија на ВМРО-ДПМНЕ и Унијата на жени на партијата во проучување на Статутите на партиите на модерните европски земји, како Германија, Австрија, Франција и други. Дополнително во таа насока се гарантира и се води сметка и посебна грижа за застапеноста на младите во органите и телата на партијата. ВМРО-ДПМНЕ го доби најмодерниот Статут на Балканот. Поставуваме нови стандарди и на дело ги покажуваме нашите изворни вредности“, изјави Петрушевска.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Стево Пендаровски: Владата во Скопјe не размислува во насока на евроинтеграција

Родителите на жртвите од Кочани најавија протест во Скопје на 15 ноември

Татко од Кочани ја објави последната снимка од ќерката што загина во „Пулс“