Утрински Весник
Економија

Петров: Просечната плата во мај повисока за 1.120 денари во однос на истиот месец лани

Петров: Просечната плата во мај повисока за 1.120 денари во однос на истиот месец лани

Иако соочени со најголемата светска здравствена и економска криза од која не е поштедена ниту нашата земја, бележиме раст на просечната плата, изјави на прес-конференција, потпретседателот на СДСМ, Коста Петров.

Тој рече дека просечната нето-плата во мај 2020 година, или во време на Ковид-19 кризата, е за 1.120 денари повисока во однос на истиот месец лани . Или поконкретно, просечната нето плата во мај 2019 година изнесувала 25.270 денари, а оваа година таа се зголемила на 26.390 денари.

„Ако споредиме со месец април, таа е повисока за 560 денари односно во месец април просечна нето- плата во државава изнесуваше 25.830 денари. Грижата и навремените мерки за спас на работните места, спас на компаниите и стопанството воопшто се потврдуваат. Конкретно во месец мај, со мерката финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, со 1,7 милијарди денари поддржани се 19.956 работодавачи во кои работат 118.069 вработени. Со истата мерка, со 86,8 милиони денари поддржани се 5.985 самостојни вршители на дејност. Додека пак, со мерката субвенционирање на придонеси во време на вонредна состојба во мај се поддржани 2.463 фирми. Со цел поголема поддршка кон граѓаните и компаниите за време на корона кризата, Владата предводена од СДСМ одлучи мерката за финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен за исплата на плата да продолжи и во јуни. За месец јуни, до овој момент се одобрени 19.202 барања, а направена е исплата за финансиска поддршка за 17.905 компании со 101.148 вработени. Одобрената финансиска помош до овој момент, за месец јуни, изнесува 1.404.470.647 денари, односно за трите месеци се исплатени над 76 милиони евра на фирми и самостојни вршители на дејност“, нагласи Петров.

Тој заклучи дека во изминатите три години преку бројни мерки и политики СДСМ покажала што значи вистинска грижа за граѓаните, за економијата и за државата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

И тие кои прават торти по нарачка и оние кои продаваат преку Фејсбук ќе мора да плаќаат данок

Митреска и Бојчева-Терзијан со предавање на Здружениот виенски институт: Комуникацијата на централната банка имаше важна улога во стабилизирањето на очекувањата

Петрова: Прво ребаланс на Буџетот, па исплата на средствата за „Мој ДДВ“