Утрински Весник
Магазин

Еминем под стрес поради мемоарите на Мараја Кери

Еминем под стрес поради мемоарите на Мараја Кери

Еминем е загрижен за тоа како ќе биде прикажан во претстојните мемоари на Мараја Кери имајќи ја предвид нивната комплицирана врска.

47-годишниот музичар,чие вистинско име е Маршал Метерс, знае дека поп-ѕвездата „ќе каже многу негативни работи за него, и тој го очекува нападот, и речиси го поздравува“, изјави извор за американски „Њусвик“ во средата.

Инсајдерот открива дека таа отсекогаш била Ахиловата пета на Еминем “бидејќи тие имале многу токсичен однос“. Раперот од Детроит е особено загрижен за тоа што Кери ќе пишува за своите искуства зад затворени врати – конкретно, во спалната соба.

„Маршал стравува дека Мараја ќе каже дека тој бил лош во кревет или дека бил себичен љубовник. Тој секогаш се чувствуваше многу несигурен во врска со ова. И Кери го знае тоа“.

Кери се здружи со писателката Анџела Дејвис за да ја сподели својата приказна во биографска книга насловена „Значењето на Мараја Кери“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Унгарија по седум години би можела повторно да настапи на Евровизија

Излезе лажен ChatGPT кој краде сè!

„Јутјуб“ воведува автоматски ознаки за видеа генерирани со вештачка интелигенција