Сопругот на британската кралица Елизабета Втора, принцот Филип, по 67 години, и го предаде покровителството над пешадискиот полк „Пушки“ на сопругата на принцот Чарлс, Камила.
Во еден од ретките настапи на 99-годишниот принц во јавноста, церемонијата е одржана во замокот Виндзор.
Војвотката од Корнвол, Камила, доби нова улога во посебна церемонија во нејзиниот дом во Глочестер.
Филип беше командант-полковник на „Пушки“ од формирањето во 2007 година, но неговата поврзаност со полкот потекнува од 1953 година, кога командуваше со формациите од кои е составен тој полк, пренесува „Ројтерс“.
Филип, кој се венча со Елизабета во 1947 година, пет години пред да стане кралица, го прослави својот 99-ти роденден на 10 јуни.
Тој престана да ги извршува кралските должности во 2017 година, а пред неколку дена присуствуваше на тајната свадба на принцезата Беатрис, најстарата ќерка на принцот Ендрју и војвотката од Јорк, Сара.