Утрински Весник
Свет

Нова заложничка криза во Украина: Вооружен маж држи заробен полицаец, во тек се преговори

Нова заложничка криза во Украина: Вооружен маж држи заробен полицаец, во тек се преговори

Вооружен маж земал постар полицаец како заложник во украинскиот град Полтава, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко.

Тој на „Фејсбук“ напиша дека се водат преговори со напаѓачот, со цел да и се предаде на полицијата, без да се повреди себеси или другите.

Герашченко не откри детали во врска со мотивите на напаѓачот.

Пред неколку дена се случи заложничка криза во градот Луцк на северозападниот дел на Украина, која заврши по бизарната интервенција на претседателот Володимир Зеленски. Максим Кривос (44) држеше 10 заложници заробени во автобус во градот Луцк повеќе од 12 часа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Гардијан“: Русија губи 6.000 војници повеќе во Украина секој месец отколку што регрутира

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела