Утрински Весник
Свет

(Видео) Вооружена пресметка на погреб во Чикаго, 14 лица се ранети

(Видео) Вооружена пресметка на погреб во Чикаго, 14 лица се ранети
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Четиринаесет лица се повредени во Чикаго при напад од возило, на што одговориле присутните на погребна церемонија, кои биле вооружени до заби, соопшти полицијата.

Едно лице е во притвор по престрелката на југот на Чикаго, изјави портпаролот на полицијата Ерик Картер.

Возилото од кое било пукано на погребната поворка, при бегството излетало од патот недалеку од местото на погребот, а напаѓачите избегале.

Според сведоците, во престрелката било користно различно огнено оружје, а жртвите лежеле на улицата во близина на погребалното и многумина од нив крвареле.Полицијата објави дека повредените биле пренесени во петте најблиски болници, а повеќето од нив се во сериозна состојба.

Сите жртви се возрасни лица.Властите не објавија на чиј погреб тие присуствувале.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп