Утрински Весник
Свет

Во Хрватска 49 нови случаи, меѓу нив и новореденче

Хрватска со рекордни 140 новозаболени од коронавирус

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 49 нови случаи на коронавирус, а едно лице починало, соопшти Националната канцеларија за цивилна заштита.

Во Загреб е заболено едно бебе старо 10 дена.

Директорот на Институтот за јавно здравје „Др. Андрија Штампар“, Звонимир Шостар, рекол дека ова е прво бебе заболено од вирусот и втора бремена жена. Тој кажал дека бебето е во добра состојба.

„Бебето е испишано од болница како здраво, вчера било тестирано и за жал е позитивно, но нема проблеми и неговата клиничка слика е нормална“, рекол Шостар.

Тој рекол дека бебето не е заразено во болницата, туку дека вирусот му го пренела мајката.

Вкупниот број на заразени во Хрватска е 1.116. Од нив, 138 пациенти се наоѓаат во болница, од кои девет се на респиратор. Вкупниот број на починати е 123.

Од 25 февруари, кога е забележан првиот случај во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 4.422 лица заразени со новиот коронавирус.

До денес, тестирани се вкупно 105.526 лица, од кои 1.394 во последните 24 часа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Холандија се зголемува бројот на пациенти кои преживуваат рак

Трамп потпиша извршна наредба за укинување на санкциите врз Сирија

САД дќе му продадат муниција на Израел во вредност од 510 милиони долари