Утрински Весник
Магазин

„Тенет“ на Кристофер Нолан одложен на неодредено време

„Тенет“ на Кристофер Нолан одложен на неодредено време

„Ворнер Брос“ во понеделникот соопшти дека ја одложува премиерата на долгоочекуваниот филм „Тенет“ на Кристофер Нолан на неодредено време. Ваквата одлука е нов удар врз синџирите на киносали кои се надеваат дека ќе се вратат во бизнис и покрај пандемијата на коронавирус.

„Тенет“, чија премиера беше закажана за 12 август, требаше да биде прв голем холивудски филм во киносалите во САД по нивното затворање во средината на март.

„За жал, пандемијата продолжува да се шири, поради што мораме да ги преиспитаме датумите за прикажување“, вели претседателот на „Ворнер Брос пикчрс груп“, Тоби Емерих, во соопштението.

Ова е трето одлагање на премиерата на високобуџетниот филм поради светската здравствена криза. Првично требаше да почне да се прикажува на 17 јули, па се одложи за 31 јули и третпат за 12 август.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“

Мекиканец се обидел да прошверцува во Германија повеќе од 90 различни видови влекачи

Златко Муцунски се збогува со „Порше Македонија“ – Време е да свртам нова страница