Утрински Весник
Свет

Асистенкта во САД уапсена за сексуални односи со тројца средношколци

Асистенкта во САД уапсена за сексуални односи со тројца средношколци

Ешлин Фаје Бел (24), асистентка за настава во средно училиште во Тексас, е уапсена поради тоа што наводно имала секс со тројца тинејџери, нејзини ученици.

Бел имала секс со свои ученици во три одделни прилики. Тоа се случило минатиот ноември во нејзиниот дом во Њу Бостон, Тексас. Двајца од учениците тогаш имале 17 години, а еден 16.

Бел, мајка на едно дете, во тоа време работела како асистент и во библиотеката на тоа средно училиште.

Полицијата отвори истрага откако еден од наставниците слушнал разговор меѓу група тинејџери од кои еден спомнал дека Бел можеби забременила од сексот со него.

Истиот ученик наводно во полицијата открил дека Бел имала секс и со други. На почетокот не било јасно дали Бел забременила за време на некои од овие односи или порано била бремена.

Од полицијата додаваат дека еден од двајцата 17-годишници комуницирал со Бел преку социјалната мрежа „Снепчет“, која ја користеле за да договорат каде ќе се сретнат. Се случило околу Денот на благодарноста, тие се нашле на камионска станица пред да отидат во нејзината куќа. Тинејџерот рекол дека нејзиното дете во тоа време се наоѓало на задното седиште на нејзиниот автомобил и дека прво го заспала детето, а потоа наводно тие двајца имале секс.

Другиот 17-годишник и кажал на полицијата дека Бел била учителка додека имале секс во нејзиниот дом. 16-годишникот, наводно, признал во полиција дека имал секс со Бел двапати, исто така кај неа.

Таа е уапсена и обвинета по две точки: нелегална врска меѓу наставник и ученик и сексуална злоупотреба на дете.

Ден по нејзиното апсење, Бел била ослободена откако била платена кауција од 150.000 долари. Таа се соочува со затворска казна и до 20 години по секоја точка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници