Утрински Весник
Македонија

Несреќа кај Лабуништа, 25-годишен возач излетал од патот

Несреќа кај Лабуништа, 25-годишен возач излетал од патот

Вчера во 05.50 часот, на регионалниот пат помеѓу струшките села Лабуништа и Боровец, случена е сообраќајна незгода во која, патнички автомобил „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.О.(25) од Хановер, излетал од патот.

Тој, со возило на Итна медицинска помош е пренесен и задржан во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид изврши увидна екипа од ОВР Струга.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Сомнителен случај во Скопје: Изваден шраф и олабавени уште три на тркало – добивал и закани две години

Притвор побаран за 19-годишник, со малолетниот брат избоделе дете и возрасен во Чаир

Граѓански организации бараат итно разрешување на директорот на АОПЗ, Далибор Китановиќ